Ветераните Златан Ибрахимовиќ и Франк Рибери ќе го пропуштат натпреварот помеѓу Милан и Фиорентина во Серија А во сабота, откако се здобија со повреди минатиот викенд. Тие беа принудени да го напуштат теренот.
Ибрахимовиќ, кој постигна два гола во победата на Милан над Наполи со 3:1, беше заменет во 79-та минута. Тој има повреда на мускулот на левиот бут и се очекува да отсуствува помеѓу 10 дена и еден месец.
Рибери беше заменет непосредно пред крајот на првото полувреме поради проблем со мускулот во бутот при поразот на Фиорентина со 0:1 од Беневенто.
39-годишниот Ибрахимовиќ не се очекува да игра на натпреварите од Лига Европа против Лил и Селтик. Рибери (37) „започна со закрепнување и неговата состојба ќе биде проценета во следните неколку дена“, објавија од Фиорентина.

