Фудбалерите на Јувентус по вчерашната победа против Ференцварош во 4 рунда во групната фаза, на две кола до крајот си обезбедија место во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите.
„Старата дама“ славеше со минимални 2:1 а тренерот, Андреа Пирло, вели дека е задоволен само од резултатот бидејќи неговите избраници не ги исполниле очекувањата.
„Очекував повеќе од моите фудбалери иако Ференцварош одигра борбен меч.Главен проблем беше нашето бавно движење посебно кога ја имавме топката“ – изјави по дуелот во Торино тренерот на домаќините.

