Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона починал денеска откако претрпел срцев удар, јави аргентинскиот весник „Кларин“. Диего Армандо Марадона имал кардиореспираторна криза во средата наутро во неговиот дом во населбата Сан Андрес, во градот Тигре. Неколку амбулантни возила се упатиле кон неговиот дом за да му помогнат, но не можеле да сторат ништо за да му го спасат животот.
Диего беше опериран на 3 ноември поради субдурален хематом, откако наполни 60 години на 30 октомври.

