Големата ѕвезда на аргентинскиот фудбал и на екипата на Барселона, Лионел Меси преку објава на Инстаграм се збогуваше од својот сонародник Диего Марадона.
Марадона всушност беше идолот на Меси, две години и негов селектор во аргентинската репрезентација.
„Многу тажен ден за сите Аргентинци и за фудбалот. Не остава, но не заминува затоа што Диего е вечен, Диего е бесмртен“, напиша Меси.

