Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека поразот од Аталанта на домашен терен со 2:0 во четвртото коло од групата „Д“ од Лигата на шампионите е заслужен.
Англичаните не упатија ниту еден прецизен удар кон гостинскиот гол и го претрпеа првиот пораз во групата.
„Мора да признаеме дека поразот е заслужен. Ние не ја покажавме нашата најдобра игра на овој натпревар, но мора да станеме и да го сториме тоа следната недела. Имавме некои ситуации, но не и чисти шанси. Тоа може да му се случи на секого. И двата тима не создадоа скоро ништо. Натпреварот беше многу интензивен. Општо, не можевме да најдеме начин да влеземе во игра”, рече Клоп.

