Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, константно реагира околу набиениот распоред кој делува по здравјето на фудбалерите.
Германецот е разочаран од менаџерирањето на термините од страна на водечките луѓе во Премиер лигата во корелација со телевизиите кои ги имаат правата за преноси. На неговите последни критики околу термините и календарот, посебно по вчерашниот пораз од Аталанта, се надоврза и тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
„Клоп дојде тука во 2015-та година а јас пристигнав во Англија во 2004-та година. Досега ништо не е променето. Не можеме да ја добиеме битката“ – вели Португалецот.

