Преговорите помеѓу Јувентус и напаѓачот Пауло Дибала во врска со новиот договор се замрзнати. Според неколку медиуми во Италија клубот од Торино не сака да стигне до точката каде ќе го загуби фудбалер бесплатно, и има намера да се врати на разговори за договорот следната година.
Како што претходно објавивме, Дибала сака да заработува 15 милиони евра годишно во Јувентус, но „бјанконерите“ не се подготвени да му платат толку многу и планираат да понудат 10 милиони евра плус бонуси.
Актуелниот договор на Пауло со „старата дама“ истекува летото 2022 година. Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач одигра 4 натпревари за торинскиот клуб во Серија А, а игра за Јувентус од 2015 година. Претходно ги бранеше боите на Палермо и Институто. Од 2015 година е повикан во репрезентацијата на Аргентина.

