Женската македонска фудбалска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за ЕП откако славеше на теренот на Казахстан со 3:0.
Победникот беше решен во првите 45 минути кога нашите репрезентативки постигнаа три гола. Два беа дело на Рочи во 11-тата и 34-минута додека Елма Шемсовиќ постигна погодок во 37-та минута.
Македонија на крајот го освои четвртото место во групата во која покрај нашиот денешен противник беа и селекциите на Франција, Австрија и Србија.

