Челзи е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, објави „Goal.com“, повикувајќи се на шпанскиот новинар Гијома Балаге.
Да потсетиме дека сегашниот договор на Меси со каталонскиот клуб завршува следното лето. Во јануари, 33-годишниот аргентински фудбалер може да започне преговори со други клубови. Беше објавено дека еден од главните претенденти за Меси е Манчестер Сити.
Минатото лето Меси се обиде предвреме да го раскине договорот со каталонскиот клуб. Напаѓачот влезе во судир со управата поради незадоволството од ситуацијата во тимот, но на крајот беше убеден да остане во Барселона до крајот на сегашниот договор. Оваа сезона Меси постигна 3 гола на 8 натпревари во Шпанското првенство.

