Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да биде надвор од теренот три до шест месеци поради длабока венска тромбоза. Ова го објави д-р Хозе Ескудеро.
„Кога сте фудбалер, имате повеќе дуели и треба да бидете повнимателни. Барем кај нормални пациенти, времето на опоравување е од 3 до 6 месеци“ изјави Ескудеро за „Дејли Меил“.
Лекарите сугерираат дека длабока венска тромбоза кај Шпанецот е последиците од коронавирусот, кој фудбалерот го доби во септември.
Претходно, Атлетико објави дека играчот е болен и бил подложен на лекарски преглед, при што му била дијагностицирана спонтана длабока венска тромбоза на десната нога. Проблемите на Коста не се поврзани со претходна повреда.

