Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло се одлучи да не го вклучи во составот на својата екипа Кристијано Роналдо за денешниот натпревар со Беневенто. На прес-конференцијата пред натпреварот тој објасни за причината за таа негова одлука.
„Кристијано одмара затоа што е малку уморен по толку многу натпревари, па затоа ние не планиравме да го користиме на натпреварот против Беневенто“, изјави Андреа Пирло.
Натпреварот Беневенто – Јувентус ќе се одигра вечерва, на стадионот Чиро Вигорито“ во Беневенто со почеток во 18 часот. Јувентус со 16 бода по осум кола е четврти на табелата во италијанскиот шампионат. Лидер е Милан кој има 20, а зад нив се Сасуоло со 18 и Рома со 17 освоени бода.
Во тековната сезона на италијанскиот шампионат, Роналдо учествуваше на 5 натпревари, постигна 8 гола и 1 асистенција.

