Дури пет клуба во Серија А можат да бидат санкционирани со одземање на три бода од нивните конта, пишува „Газета Дело Спорт“. Причината е што тие не им исплатиле плати на своите играчи последните три месеци.
Наполи, Лацио, Беневенто, Сампдорија и Џенова последен пат платија на своите играчи во август, а поради пандемијата на коронавирусот им беше дозволено да ја одложат исплатата на платите до 1 декември.
Доколку клубовите не ги исплатат платите на играчите до тогаш, може да добијат санкција со одземање на три бода. Други пет екипи – Болоња, Кротоне, Интер, Парма и Рома ги исплатија своите плати за септември, а останатите десет екипи се совршено добри во овој поглед, дале плати и за октомври.

