Бројот на повредени фудбалери кај Ливерпул енормно порасна и Јирген Клоп е принуден да се справи со ситуацијата со купување нови фудбалери оваа зима. Според медиумите во Англија, „црвените“ ја подготвиле првата понуда вредна 30 милиони евра за дефанзивецот на Шалке, Озна Кабак.
Клоп се надева дека тој ќе ги реши дефанзивните проблемите на тимот до крајот на сезоната. На „црвените“ очајно им треба стабилност во одбраната по повредите на Вирџил Ван Дајк и на Џо Гомез, а 20-годишниот Кабак се чини добра опција за тоа.
Проблем е што Шалке најверојатно ќе биде побара поголема сума, а Милан исто така е заинтересиран и за дефанзивецот.

