Шкупи со победа го започна настапот во елиминациската фаза во Лигата на шампионите во футсал.
Вечерва во Скопје нашиот тим славеше сигурно на дуелот со ирскиот првак Блу Меџик Даблин со убедливи 3:0. Сефери погоди во почетокот на мечот, гостите потоа постигнаа автогол додека точка на дуелот стави Соареш во самата завршницата.
Ждрепката за наредната рунда ќе биде организирана на 9 декември додека мечевите од 1 /16 финалето ќе бидат одиграни догодина 12 до 17. Јануари.

