Фудбалерот на Рома, Един Џеко, призна дека неговиот тим вчера загуби заслужено во дербито со Наполи одиграно во Серија „А“ бидејќи противникот покажа далеку подобра партија и влезе крајно мотивирано во средбата.
Наполитанците победија со убедливи 4:0 со погодоците на Инсиње, Руиз, Мертенс и Политано, со што се изедначија со „волчицата“ на табелата. Двата тима имаат по 17 бодови.
„Одигравме лошо, тоа мора да го признаеме. Имавме многу грешки на сите делови на теренот. Треба брзо да го заборавиме мечот и да се насочиме кон наредните натпревари. Има уште многу до крајот, сезоната е долга“ – потенцираше корпулентниот напаѓач на Рома.
