Фудбалерите на Арсенал по вчерашниот пораз на домашен терен од Вулверхемптон останаа на 13 бода по првите 10 натпревари со што го забележаа најслабиот почеток на сезоната гледано во последните 39 години.
На лондончани тоа им се случи и во сезоната 1981/82 кога по десет кола имаа 12 бода. За целата ситуација вината ја презема тренерот, Микел Артета.
„Нашиот противник од два шута постигна два гола. Во второто полувреме игравме добро, создадовме прилики кои ги промашивме. Ќе мора да ја корегираме играта“ – потенцираше тренерот на „топчиите“. Неговиот состав во наредното коло го чека градското дерби со Тотенхем.

