Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, несвесно се вмеша во сериозен скандал само неколку часа по неговиот одличен настап на мечот со Саутемптон. Уругваецот влезе како резерва и кумуваше на големиот пресврт и победата од 3:2 иако противникот имаше предност од 2:0.
Сега 34-годишниот напаѓач може да се соочи со казна поради објава на социјалните мрежи. Кавани на Инстаграм сподели објава во која имаше фотографија од стриптизетата и текст на шпански јазик кој гласи „Те сакам, Матадоре“. Како одговор, играчот напишал „Грацијас Негрито!“.
Бидејќи неговите зборови имаат расистичка подлога, Британските медиуми тврдат дека ФА ќе го испита случајот. Според правилата, актите на дискриминаторско однесување на социјалните мрежи се санкционираат со минимум три натпревари.

