Менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Нуно Еспирито Санто, изјави дека во еден миг се уплашил за животот на Раул Хименез кој на вчерашниот меч со Арсенал имаше тежок дуел со противничкиот играч, Давид Луиз.
Мексиканецот и фудбалерот на „топчиите“ се удрија со главите по што играчот на „волците“ веднаш беше однесен во болница.
„Тој е подложен на испитување. Тој е свесен и добро ако можам воопшто да ја користам таа дефиниција. Инцидентот беше крајно непријатен и ние сме загрижени. Дури и лекарите од клубот беа во паника кога го видоа онесвестен. Сега знам дека е во добри раце “ – изјави Нуно Еспирито.

