Лаутаро Мартинез кој влегува во плановите на неколку великани во европскиот фудбал, има намера во зимскиот трансфер период да го напушти италијанскиот состав Интер.
Според весникот – „Марка“, напаѓачот побарал од неговиот агент, Жорже Мендес, да ја интензивира потрагата по нов клуб. Не е тајна дека за врвниот голгетер се заинтересирани Барса и Реал Мадрид како и неколку екипи од Англија. Во одредени шпекулации дури се вклучува и тимот на ПСЖ.
Бидејќи Аргентинецот не сака да го продолжи договорот, јасно е дека „нероаѕурите“ нема да сакаат да им се повтори приказната со Мауро Икарди и затоа најверојатно ќе го продадат во јануари.

