Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, ја опиша играта на неговите фудбалери во текот на целиот натпревар против Саутемптон како „фантастична“.
Екипата од Олд Трафорд победи како гостин со 3: 2 и покрај тоа што на полувремето имаше негатива од два гола. Клучот за победата на „црвените ѓаволи“ беше влегувањето во игра Единсон Кавани, кој даде два гола и направи една асистенција.
„Одлично е да се освојат трите бода во последен момент со пресврт. Тимот станува посилен. Не сакам да обрнувам толку многу внимание на постигнатите голови бидејќи мислам дека бевме одлични на целиот натпревар“ – вели норвешкиот тренер.

