Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез беше опериран во Лондон. Вчера, за време на натпреварот со лондонски Арсенал, Хименез се здоби со сериозна повреда на главата при судир со дефанзивецот Давид Луиз и беше хоспитализиран. Објавено е дека на фудбалерот му била дијагностицирана фрактура на черепот.
„Раул се оперираше синоќа во болница во Лондон. После тоа го посети неговата девојка Даниела, сега тој одмара. Тој ќе остане под медицински надзор уште неколку дена пред да започне со закрепнување. Клубот сака да им се заблагодари на медицинскиот персонал на Арсенал, персоналот на брзата помош, болничкиот персонал и хирурзите кои, благодарение на нивната вештина и реакција, пружија таква помош“, соопшти прес-службата на клубот.

