Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Еден Азар има повреда на бутот на десната нога по саботниот натпревар со Алавес.
Од „Сантијаго Бернабеу“ објавија за повредата, но не открија за период на опоравување. Според шпанските медиуми, Белгиецот ќе отсуствува од терените најмалку три или четири недели.
Така, Азар сигурно го пропушта дербито со Атлетико Мадрид. Весникот „АС“ пресмета дека нема да биде во составот за најмалку шест официјални средби на Реал Мадрид. Азар веројатно нема да биде на теренот до крајот на календарската година.
Еден Азар веќе имаше повреда на мускулот на десната нога на почетокот на сезоната. Повредата тогаш не беше во иста зона, а играчот ги пропушти првите пет натпревари на Реал Мадрид.

