Јоаким Лев ќе продолжи да работи како селектор на германската фудбалска репрезентација, се наведува на официјалната веб-страница на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ).
Денес, Јоаким Лев се состанал со раководството на федерацијата за да разговара за моменталната состојба во тимот, поразот на натпреварот од Лигата на нации со репрезентацијата на Шпанија (0:6) и иднината на селекторот. 60-годишниот тренер на германската репрезентација ги сподели своите идеи и идните планови.
„На патот до Европското првенство, сите важни спортски цели се постигнати. Соодветно на тоа, Јоаким Лев продолжува да ја ужива довербата на Германскиот фудбалски сојуз. Убедени сме дека Лев и неговиот стручен штаб ќе обезбедат успешни резултати на германската репрезентација, и покрај тешката ситуација“– се вели во соопштението на ДФБ.

