Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам го привлече интересот на Манчестер Сити, пренесува „Goal.com“.
23-годишниот Французин, кој игра олично од почетокот на сезоната е меѓу опциите за ново засилување во нападот на „граѓаните“. Главниот играч во нападот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има договор што истекува следното лето и засега не дава индикации дека сака повторно да потпише.
Турам дојде во Борусија Менхенгладбах во 2019 година од Гингамп за 12 милиони евра. Оваа сезона во Бундеслигата, Турам одигра 9 натпревари, постигна 2 гола и даде 2 асистенции.

