Ливерпул го доби најтешкиот противник од сите елитни екипи во Англија во третото коло од ФА купот. Ждрепката за оваа фаза беше извлечена синоќа, а во неа веќе се вклучени екипите од Премиер лигата.
Ливерпул го започнува своето учество во ФА Купот со тешко гостување на „Вила Парк“ кај Астон Вила. Потсетуваме, двата тима веќе се сретнаа во Премиер лигата и Астон Вила во Бирмингем забележа убедлива победа со 7:2.
Во исто време, освојувачот на трофејот Арсенал ќе започне да ја брани својата титула со домашен натпревар против Њукасл. Манчестер Јунајтед исто така ќе биде домаќин во оваа фаза, „црвените ѓаволи“ ќе бидат домаќин на Ватфорд.
Манчестер Сити започнува против Бирмингем на „Етихад“, а Челзи ќе биде домаќин на Морекомб. Најлесниот противник му падна на Тотенхем. Екипата на Жозе Мурињо ќе гостува кај Марин, екипа од 8-та дивизија Марин.
Натпреварите од оваа фаза на ФА Купот ќе се играат од 8 до 11 јануари 2021 година.
