Њукасл ја затвори својата тренинг база откако спроведе тестови за коронавирус меѓу играчите и вработените во клубот.
Целиот тим на „црно-белите“ се изолира уште вчера и во изолација ќе остане до четврток.
Следниот натпревар на „страчките“ е против Астон Вила во петок. Досега Њукасл и Премиерлигата официјално не ја коментираа ситуацијата, а досега нема одложен натпревар од Премиер лигата поради многу болни играчи.
