Тренерот на Интер, Антонио Конте, имаше можност да се израдува на победа на теренот на Борусија Менхенгладбах во претпоследното коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Токму триумфот од 3:2, ги задржа шансите на италијанскиот тим да го продолжи престојот во Европа.
„Апсолутно заслуживме да победиме. Покажавме дека имаме квалитет. Треба да продолжиме да работиме и да ги радуваме нашите навивачи“ – вели Конте.
Интер во последната рунда ќе мора да го победи Шахтјор и да го чека исходот на мечот Реал Мадрид-Борусија Менхенгладбах.
