Еден од организаторите на играта на Реал Мадрид, Тони Крос, верува дека неговиот тим ќе презими во Европа иако вчера загуби на гостувањето во Украина во рамките на 5 коло во Лигата на шампионите.
„Победите носат самодоверба, затоа мораме да го заборавиме дуелот со Шахтјор и да гледаме напред. Мора да победиме во последниот меч во групата. Немаме друг избор“ – вели Крос.
„Не искористивме неколку шанси во првиот дел. Потоа примивме наивен гол. Тешко е кога ќе загубите, но, верувам дека тоа ќе се промени“ – изјави фудбалерот на Реал Мадрид.
