Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, кој вчера постигна два гола на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во 5 коло во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим пропуштил шанса за поубедлива победа.
„Требаше да го „убиеме“ противникот на 3-1. Имавме два гола предност а на крајот имавме и голема среќа бидејќи ВАР го поништи голот за израмнување“ – изјави Белгиецот.
„Во првите 40 минути напаѓавме многу добро, требаше да продолжиме и да одиграме похрабро. Јас сум задоволен во Интер“ – нагласи корпулентниот голгетер на „нероаѕурите“.

