Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто се разболе од коронавирус, соопшти прес-службата на клубот. Играчот е асимптоматски, но изолиран од остатокот од тимот.
Играчот за врска во моментов продолжува да се опоравува од пукнат мускул на десната нога. Роберто се повреди на мечот од 10. коло на шпанската примера со Атлетико Мадрид (0:1). Според прелиминарните информации, санирањето на повреата ќе трае околу два месеци.
Овој фудбалер на Барселона одигра 10 натпревари во сезоната 2020/2021, постигна еден гол и две асистенции. Актуелниот договор на 28-годишниот играч за врска со Барселона е до 2022 година. Неговата вредност се проценува на 25 милиони евра.
