Излегувањето на Велика Британија од Европската унија на 1 јануари ќе им направи проблем на локалните клубови за привлекувањето на странски менаџери.
Вчера Министерството за внатрешни работи одобри нов систем, кој во иднина ќе треба да го почитуваат клубовите од Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2), пишува весникот „Тајмс“.
Доколку странец сака да започне да работи како менаџер во некој клуб во Англија, тој ќе мора да биде тренер најмалку три од последните пет години во шампионатот дефиниран како „врвен“. Ова ги вклучува водечките шампионати во 33 земји.
Меѓу нив, на пример, не е вклучена Норвешка, што значи дека во овие околности, Манчестер Јунајтед не би бил во можност да го назначи Оле Гунар Солскјер, бидејќи претходно тој го водеше Молде во својата земја.

