Со извонредната партија и четирите гола на синоќешниот меч со Севиља во 5. Коло од Лигата на шамионите, францускиот напаѓач Оливие Жиру се запиша во историјата на најсилното клупско натпреварување.
УЕФА потврди дека Жиру стана најстариот играч, кој успеа да реализира „покер-голови“ во Лигата на шампионите. Тоа го стори на 34-годишна возраст.
Челзи со синоќешната победа и 13-те бода на пет натпревари си го обезбеди првото место во групата.

