Младиот боксер Ардијан Аземи кој освои бронза на Европското првенство во Будва ќе биде награден со 100.000 денари од Град Скопје.
Македонскиот репрезентативец кој имаше блескав настап во Црна Гора, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје.
„По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје“ – соопштија од Град Скопје.

