Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски, кој ја одработува последната сезона во дресот на Лидс, најверојатно ќе добие продолжување на соработката.
Тој од јануари може да преговара со други екипи, но, судејќи според неговите зборови, има тенденција да остена и понатаму во редовите на англискиот состав кој е дел од најсилната фудбалска конкуренција на Островот.
Алиоски кој го облече дресот на Лидс во летото во 2017 година, досега одигра преку 140 мечеви со ефект од 20 погодоци и 16 асистенции.

