Самуел Умтити кој нема ниту еден настап за Барселона во тековнава сезона, може да добие понуда да го облчече дресот на Јувентус.
Челниците на Барса се подготвени да се разделат со францускиот интернационалец кој им претставува товар поради високите примања.
Медиумите тврдат дека трансферната сума на црномурестиот фудбалер е скромни 15 милиони евра што не би требало да биде проблем за „старата дама“ која се обидува да пронајде наследник на ветеранот, Џорџо Киелини, кој ја игра последната сезона.
