Австрискиот тим Рапид Виена постави антирекорд со своите настапи во второто по квалитет натпреварување под капата на УЕФА, Лига Европа.
Поразот од Арсенал на „Емирати“ со 1:4 беше 27-ми за Рапид во ова натпреварување каде што е редовен учесник.
Така, австрискиот тим сега е сам на врвот на оваа ранглиста на рекорден број на порази во Лигата на Европа, оставајќи го зад себе норвешкиот Розенборг, кој има 26 порази. Со 23 порази во Лигата на Европа се Спортинг Лисабон и данскиот ФК Копенхаген.

