Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос веќе сакал да го напушти клубот, тврдат одредени медиуми во Шпанија.
Дефанзивецот, кој е дел од Реал Мадрид од 2005 година, добил интересна понуда од ПСЖ, како и од клубови во Англија и Италија. До неодамна, Рамос разговараше со управата на Реал Мадрид околу неговиот нов договор на „Сантијаго Бернабеу“.
34-годишниот играч сакаше да потпише двегодишен договор, но ова беше спротивно на принципите на Реал Мадрид за понуда на едногодишни договори на постари играчи. На крајот, Реал сигнализираше дека ќе ги прифати условите на Рамос, кој освои 22 трофеи со оваа екипа, вклучувајќи и четири титули во Лигата на шампионите.

