Во Франција се убедени дека мегаsвездата на Барселона, Лионел Меси од новата сезона ќе стане дел од амбициозниот проект на ПСЖ. Аргентинецот беше подготвен да ја напушти Барселона минатото лето, но наиде на отпор од управата.
Тој одби да влезе во судска битка со клубот и остана да го исполни својот договор, кој истекува во летото 2021 година. Прв кој зборуваше за таквата можност беше бразилската sвезда во ПСЖ, Нејмар, кој рече дека е убеден во можноста да игра со Меси повторно во тим од новата сезона. Неговите зборови ги потврди играчот за врска Леандро Паредес.
Исто така добро упатените новинарисе убедени дека Меси ќе му се приклучи на ПСЖ. Ваквиот развој на настанот е изненадување, бидејќи се очекуваше Аргентинецот да го засили Манчестер Сити. Во меѓувреме, претседателските кандидати на Барселона се натпреваруваат да ги споделат своите планови за задржување на Меси на „Камп Ноу“.

