Играчот на Тотенхем, Герет Бејл го реализираше пеналот на мечот од 5-то коло од групната фаза во Лигата на Европа против австрискиот клуб ЛАСК (3:3).
Овој погодок беше за 31-годишниот Велшанец 200-ти во кариерата, објави весникот „Марка“. Со Тотенхем, Бејл погоди 57 пати. Фудбалерот постигна 105 голови за Реал Мадрид, 33 за Велс и 5 за Саутемптон.
Последниот гол на Герет Бејл во УЕФА натпреварите беше пред повеќе од две години, на 27 ноември 2018 година, за Реал Мадрид во натпревар со Рома во Лигата на шампионите кој го добија со 2:0.
Тотенхем досега има освоено 10 поени и обезбеди пласман во фазата на елиминации во Лигата на Европа заедно со Антверпен од Белгија.

