Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е сигурен дека напаѓачот Серхио Агуеро може да се врати на своето најдобро ниво кога целосно ќе се опорави од повредата на коленото.
Аргентинецот нема да биде во составот и за пресметката со Фулам денеска.
Тоа значи дека 32-годишниот Агуеро ќе игра само на четири од последните 29 натпревари на граѓаните по повредата против Барнли на 22 јуни.
„Кога тој е подготвен, тоа ќе биде истиот фудбалер. Секако, годините се различни, а неговата физичка состојба е поинаква, така што ќе му треба малку повеќе време отколку, да речеме, за Фоден или Стерлинг, но јас сум оптимист дека ќе ни помогне оваа сезона “, вели Гвардиола.

