Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го бранеше воведувањето на системот за видео реприза (ВАР) во фудбалот.
“ВАР му помага на фудбалот, тој сигурно не му штети. Мислам дека не треба да заборавиме дека системот беше воведен пред две години, а не пред 200 години. Некои неточни одлуки што судиите ги носат по користењето на ВАР се поврзани со нивниот недостаток на искуство во употреба на технологијата. Сепак, мора да земеме предвид дека овие судии не пораснаа со ВАР“, коментира Инфантино.
Шефот на ФИФА повика на ажурирање и подобрување на правилата на офсајд, особено делот со одредувањето неправилна позиција во сантиметри.
„Правилото за офсајд се развиваше во последните 100 години и сега е време да разговараме повторно. Ние сакаме да го подобриме не поради ВАР, туку затоа што сакаме да го охрабриме офанзивниот фудбал. Прашањата се дали да се продолжи со тенденцијата да се даде поголем приоритет. Дискусиите на оваа тема се во тек “, рече Инфантино.

