Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри изрази желба да преземе клуб од англиската Премиер лига.
53-годишниот Алегри, кој е без ангажман по напуштањето на торинскиот гигант на крајот на сезоната 2018/2019 по освоени пет последователни титули во калчото, беше поврзуван со менаџерски позиции во Манчестер Јунајтед и Арсенал.
„Сакам да се обидам во Премиер лигата. Бев во Италија четири години во Милан и пет години во Јувентус. Сега очекувам повторно да работам, иако во моментов е тешко. Би се обидел и во Англија”, рече тој.
“Англискиот фудбал постојано се подобрува затоа што вработува многу странски експерти. Во Премиер лигата играта сега е многу пософистицирана и многу потактична, но исто така ги следи традициите на Островот. Постои добра рамнотежа помеѓу духот на англискиот фудбал и модерниот тактички пристап и квалитетите на новите модерни тренери “, додаде Алегри.

