Во мечот од 11. коло на англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Фулам имаше една несекојдневна ситуација. Средбата се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер и заврши со победа на домаќините со резултат 2:0.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не направи ниту една замена за време на натпреварот. Според „Опта Спорт“, ова се случило за прв пат по 2 април 2005 година кога Манчестер Сити не направил замена во натпревар од Премиерлигата. На тој натпревар, Манчестер Сити го водеше Стјуарт Пирс , сега во стручниот штаб на Вест Хем Јунајтед.
Рахим Стерлинг од игра и Кевин Де Бруин од пенал беа стрелци на головите на оваа средба, а со овие бодови Мначестер Сити дојде до 18 освоени поени.

