Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го имаше својот 700-ти натпревар во тренерската кариера. Ова се случи на домашниот натпревар од 11-то коло во англиската Премиер лига против Фулам (2:0).
Според весникот „Марка“, екипите кои ги има водено Гвардиола имаат 507 победи, 111 нерешени и 82 порази на овие 700-тини натпревари. На овие средби неговите тимови постигнале 1766 голови, а исто така ја извадија топката од сопствената мрежа 573 пати.
Во текот на својата кариера, каталонскиот тренер беше тренер и на шпанските Барселона Б и Барселона, како и Баерн Минхен.
Во следното коло, Манчестер Сити гостува на „Олд Трафорд“ каде ќе играат со Манчестер Јунајтед. Натпреварот ќе се одигра на 12 декември.

