Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, го прогласи Челзи за фаворит за титулата во Англија во тековнава сезона.
„Сините“ доцна синоќа го победија Лидс со 3:1 на домашен терен и го запоседнаа врвот во Премиер-лигата со бод предност пред Ливерпул и Тотенхем кои имаат еден натпревар помалку.
„Врз основа на досега одиграните натпревари, Челзи е фаворит за шампионскиот пехар. Тие имаат најдолга клупа, одлични играчи кои се многу компактни. Челзи има варијабилност во составот и може да направи промени во текот на натпреварите” – изјави тренерот на Ливерпул.

