Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, беше максимално изнервиран по вчерашниот пораз на теренот на Кадиз (2:1) со што Каталонците го имаат најлошиот почеток на една сезона гледано од далечната 1987/88.
„Загубивме поради грешка која покажува дека имаме недостаток на концентрација и несериозност. Јас сум навистина многу разочаран” – рече холандскиот стратег.
„Не можам да објаснам зошто примаме такви лесни голови. Доминиравме а не успеавме да победиме. Поразот дефинитивно не одалечи од трката за титулата. Ќе мора да продолжиме да се бориме“ – нагласи изнервирано тренерот на шпанскиот состав.
