Со победата над Сампдорија во мечот од 10. коло на италијанската Серија А, Милан го има својот најдобар старт во италијанскиот шампионат во последните 65 години. Тимот победи на 8 од 10 почетни кола во Серија А, што е само чекор зад најдобриот старт на Милан во историјата кој беше во сезоната 1954/55, која „росонерите“ имаа 9 победи во 10 почетни кола.
Милан ја продолжи серијата без пораз во Серија А на 22 натпревари. Последен пат „миланезите“ загубија од Џенова на 8 март со 2:1.
Со 26 бода по 10 натпревари Милан води во поредокот на италијанскиот шампионат и во следното коло ја пречекува Парма.

