Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го сподели своето задоволство од растот на „мамузите“ под негово водство. Во последното коло, Тотенхем го победи Арсенал со 2-0 и го задржа првото место во поредокот, со еднаков број бодови со шампионот Ливерпул, но и подобра гол-разлика.
„Среќни сме. Го контролиравме натпреварот, игравме сигурно во одбраната. Двата наши гола беа сензационални. Арсенал е добар тим, ни го отежнаа тоа во второто полувреме. Не е важно каде се наоѓаат на табелата, тие се добри, а Микел Артета е одличен тренер. Тотенхем расте. Замислувам што очекуваа луѓето пред нашите три натпревари со Манчестер Сити, Челзи и Арсенал. Очекувањата беа да се изгубат бодовите и да се вратиме во „нормалноста”. На врвот сме и тоа е многу убаво“, рече Мурињо.

