Тренерот на Барселона, Роналд Куман планира голема ротација во тимот за натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус, објави Марка.
Според изворот, Куман сака да им даде шанса на младите играчи на Барселона. Стратегот планира да направи промени во секој од редовите. Доколку младите играчи се во можност да се докажат на мечот со Јувентус, тогаш таквата ротација ќе се прави и на континуирана основа.
Натпреварот меѓу Барселона и Јувентус во рамките од шестата рунда во групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одигра утре на стадионот „Камп Ноу“. И Барселона (15) и Јувентус (12) веќе обезбедија пласман во нокаут-фазата.
