Попладнево во Доха со почеток во 18 часот ќе се одржи ждрепката за одредување на квалификациските групи за пласман за СП во Катар 2022. Македонија, која ќе биде учесник на ЕВРО 2021, се најде во четвртиот шешир и ќе има, според рејтингот, три поквалитетни селекции од себе во овие квалификации.
Заедно со нас во четвртиот шешир се и селекциите против кои нема сигурно да играме во овие квалификации, а тоа се репрезентациите на БиХ, Словенија, Ц. Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.
Денеска со ждрепка ќе бидат пополнети 10 групи, пет со по шест и пет групи со по пет селекции. Првопласираните одат директно во Катар, додека второпласираните десет селекции заедно со двете најдобри од Лигата на Нации преку полуфинални и финални баражи ќе ја бараат својата шанса да стигнат на СП.

